Вардар ќе ја брани европската титула во Келн

Европскиот првак Вардар на крајот на мај повторно ќе биде во Келн, Германија каде ќе го брани трофејот освоен лани. На реваншт четврт-финалниот меч против Кил во Скопје гостите во последната минута постигнаа два гола и победија со 28-27 (13-13). Но, бидејќи на првиот меч во Германија победи Вардар со 29-28 поради повеќе голови постигнати во гости на Ф4 турнирот ќе патуваат „црвено-црните”.

Вардар според сите беше фаворит на средбата против Кил, но уште на почетокот Германците најавија дека ќе се борат до крај и дека нема да се предадат.Нерешениот резултат од 13-13 ветуваше неизвесно и интересно второ полувреме. Секој меч се игра на гости и дома, Вардар покажа дека кога ќе се соберат с`е, сепак е поквалитетн етим кој игра подеднакво добро на секој терен.

На Вардар сега му останува само ждрепката за противникот во полуфиналето на Ф4 турнирот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk