РК Вардар поразен во „малото финале“ на Ф4 во Келн

ПСЖ го порази Вардар 29:28 (14:15) во малото финале на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Црвено-црните со два порази ја предадоа европската круна,иако против ПСЖ 54 минути ја имаа предноста.

Лука Циндриќ беше најефикасен кај Вардар со седум гола, Македа постигна шест, а Страхиња Милиќ имаше девет интервенции. Прв стрелец на мечот беше Недим Ремили од ПСЖ со девет гола.

Завршниот турнир во Келн го означи крајот на оваа шампионска генерација на Вардар, бидејќи од клубот ќе заминат тренерот Раул Гонзалес, неговиот помошник Давид Дејвис Камара, како и Штербик, Циндриќ, Македа, Канељас, Марсениќ, Абутовиќ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk