Брутално убиство во Велгошти: Мајка на две деца пронајдена мртва со вреќа врз главата, по сторителот се трага

Попладнево во Велгошти, Б.П. мајка на две малолетни е пронајдена мртва со најлонска вреќа врз главата. Од СВР Охрид ја потврдија информацијата за случајот. Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

Дежурен јавен обвинител од ОЈО од Охрид по извршениот увид на лице место во семејна куќа на пронајдено безживотно тело на жената, обезбеди траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Јавното обвинителство соопшти дека се уште се трага по сторителот.

ОХРИД 24

 

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk