Божиновски: Стојаноски продолжува со популизам и препишани проекти од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот Јован Стојаноски да каже колкав е долгот на општината. Наместо да објасни зошто нема реализирано ниту една капитална инвестиција, Јован Стојаноски продолжува да се занимава со популизам и се фали со препишани проекти од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го истакна на денешниот прес Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

„Градоначалникот и неговата администрација испратиле понуди до фирми доверители да се пристапи кон преговори за склучување договори за отпис на камати и исплата на главницата на рати. Овој начин на менаџирање на долгот го промовира и спроведе минатата Локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која успеа да исплати над 14 милиони евра стари долгови, па од таму и каматата на дневна основа е намалена од 17 000 на 10 000 евра. Зошто тогаш опозициската СДСМ и градоначалникот го критикуваа овој начин на менаџирање на долговите, а сега истиот го продолжуваат во практика и го промовираат во медиумите како одлична идеја? Ако не е така, дали тоа ќе значи дека ова е уште еден преземен успешен проект од периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, праша Божиновски.

Јован Стојаноски, како што рече, за првпат како претставник на СДСМ уште во октомври на дебатата на кандидтатите за градоначалник на Охрид, јасно прецизирал дека долгот долгот кој се дефинира во 2013-та на Општина Охрид е 50 милиони евра.

„Сега и по последното гостување во телевизиската емисија „Под Лупа“ избегнува да одговори на темите за проекти и долгот. Зошто сега јавно не излезе и не го соопшти долгот кога има с`е во свои раце? Како Градоначалник на општината сте должни да им објасните на граѓаните како менаџирате со нивните пари. И на крајот на краиштата редно време е да престанете да се кријате од јавноста и да се појавите на средбите со жителите од урбаните заедници без да праќате други во ваше својство знаејќи дека с`е уште немате назначено заменик-градоначалник во рок од 30 дена според Законот за локална самоуправа“, рече Божиновски.

Тој порача дека градоначалникот ветувал живот и чиста општина, а од животот немало ни трага ни глас.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека низ целата општина никнале десетици помали диви депонии, а и постоечките контејнери не се чистеле. Секојдневно никнуваат нови депонии по патот до село Рамне, и покрај тоа што Рамне спаѓа во Националниот парк „Галичица“, рече Божиновски.

Тој ги повика надлежните институции од ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш да реагираат, отпадот да се подигне, а од страна на НП „Галичица“ и комуналните инспекции да излезат на терен и да се фатат за работа.

За досегашното работење на охридскиот градоначалник, од ВМРО-ДПМНЕ со став: многу ветувања, а никаква реализација.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk