Блокади, протести и пукање за време на посетата на Вучиќ на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во дводневна посета на Косово требаше да помине со својата државна колона по патот што води до селото Бање. Но, неколку стотини Албанци, меѓу кои и ветерани на УЧК, утринава го блокираа патот со багери и шлепери кај селото Трнава кон селото Бање во општина Србица.

Откако Косовската Влада му ја повлече дозволата за посета, Вучиќ се откажа од посетата на селото Бање. Колоната на српскиот претседател се упатила кон Косовска Митровица. По пристигнувањето во Косовска Митровица, Вучиќ се поклони и положи цвеќе на местото каде беше ликвидиран политичарот Оливер Ивановиќ, по што даде куса изјава.

„Седеа таму пред Бање, три пати се слушнаа истрели, си играа на таму на блокадите. Некои сакаат да подготвуваат пушки, јас нема да ги повикам нашите луѓе на пушки, но на никого нема да му дозволам да пушки да се изживува над нашиот народ“, изјави Вучиќ.

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека блокадите ги поставиле вооружени ветерани на терористичката УЧК и дека за тоа е одговорен претседателот на косовското собрание Кадри Весељи. Небојша Стефановиќ, Српксиот министер за внатрешни работи, порача дека „сега се на испит КФОР и косовската полиција бидејќи нивната работа е да го заштитат Вучиќ при постетата на Косово“.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk