Билборд со порака „Крај на преговорите за името“ осамна во Охрид

Билборд со порака „Крај за преговорите на името“ е поставен на булеварот „Туристичка“ во Охрид. Билбордот е дел од кампањата „Нашето име е Македонија“, на меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП).

Како што известува самото движење, се бара прекин на сите преговори за името, кои тие ги нарекуваат „расистички“ и „антимакедонски“.

„Немојте да бидете измамени од термините „меѓународно, билатерално, уставно“. Ако се промени еднаш, ќе биде променето насекаде и засекогаш. Дали сакате да бидете нарекувани ‘Новомакедонци’, ‘Северномакедонци’, ‘Скопјани’, ‘Вардарци’ или само Македонци?“, стои во текстот на билбордот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk