Бесправно исечени древни дрва, Струга се дави во ѓубре и прашина

Во Струга, на ул. ,,Маршал Тито“ од почетокот на новоизграденото шеталиште, па с`е до влезот на црквата „Св. Ѓорѓи“ е пресечен цел дрворед древни дрва.

„Бесправно беа исечени древните дрва коишто го красеа изгледот на овој дел од градот и воедно беа ,,белите дробови“ на сите нас. Многу е жална сликата, кога пред наши очи е осакатено срцето на градот и тоа во период кога Струга, како туристичко место треба да привлече туристи со својата природна убавина и да им понуди пријатен престој, а не да затекнат руиниран град со отпад на секој чекор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Од партијата додаваат дека Струга се дави во ѓубре и прашина, во екот на туристичката сезона, а ЈП ,,Комунално“, раководено од кадар на СДСМ, наместо да се грижи за хигиената на градот, се занимава со обезличување и уништување на истиот.

„Во тој контекст, би сакале да апелираме до сите надлежни служби и засегнати страни, да направат се што е во нивен домен, да го запрат овој хаос, да се спречи криминалот и профитерството на грбот на граѓаните и да ги стават интересите на Струга и стружани пред нивните материјални интереси“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk