Бесплатни прегледи на Кардиолошкиот завод по повод Неделата на хипертензија

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид активно ќе се вклучи во одбележување на Седмицата на хипертензијата или високиот крвен притисок.

Утре од 10 до 14 часот во простории на Заводот ќе бидат спроведувани бесплатни прегледи реализирани од стручен тим.

„Како би опфатиле што поголема група пациенти во скрининг за хипертензија, во четврток и петок тимови на Заводот ќе посетат неколку јавни институции во Охрид, каде на вработените ќе им се врши мерење на крвниот притисок, а ќе се спроведат информативни и едукативни предавања“, истакна директорката на Заводот за кардиологија, Елена Коваческа – Башуроска.

Оваа година прегледи и советувања ќе се спроведат за вработените во Општина Охрид, СВР – Охрид и Територијалната противпожарна служба, додека слични активности ќе се практикуваат и понатаму во други институции, во насока на подобрување на грижата за здравјето на граѓаните на Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk