А капела секстетот „Д’ Квин Сикс“ вечерва во акустичната „Света Софија“

Музичката атракција, А капела секстетот „Д’Квин Сикс“, вечерва ќе приреди незаборавно доживување за публика на „ Охридско лето“. Овој состав од Виндзор Касл, Велика Британија, ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

„Д’ Квин Сикс“ го сочинуваат контратенорите Даниел Бритејн, Тимоти Карлстон, тенорите Николас Маден и Доминик Бланд, како и басот и баритинот Ендрју Томсон и Сајмон Вајтли.

Членовите на секстетот „Д’ Квин Сикс“ се дел од професионалните пејачи, наречени Lay Clerks на капелата „St. George“, кои живеат и работат во дворецот „Виндзор“ во Велика Британија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk