Атанасовски: Градоначалникот на Охрид нè откачи како 13-то прасе!

Фотографот Роберт Атансовски на својот Фејсбук профил го раскажува своето искуство по најавената средба за интервју со градоначалникот Јован Стојаноски и пишува дека биле откачени како 13-то прасе. Според Атанасовски со колешката отишле да му направат интервју на градоначалникот Јован Стојаноски, кое претходно било уредно договорено за во 14 часот, на тема – како се иселуваат младите од Охрид и зошто.

„Вообичаена тема за Македонија. Дојдовме во 13:56 како што е редот, пред нас чекаат 2-3 граѓани да влезат кај него. Во ред, нема проблем, културно чекаме, всушност се шуткаме кај секретарката или протоколот што и да е, и никој 15 минути не ни понуди да седнеме“, пишува фотографот Роберт Атанасовски.

Тој пишува дека додека чекале прием кај Градоначалникот дошол до идеја да им поклони една од неговите најомилени фотографии од Охрид, делот кај Трпејца, која била објавена во сите светски весници.

„После 3-4 средби нè прими Градоначалникот со зачудена фаца, како да сакаше да каже „што барате кај мене“, небаре сме дошле да просиме пари или да бараме спонзорство за пинг-понг олимпијада. Не се ни поздрави како што треба, седна на столчето со гард како да е во најмала рака градоначалник на Њујорк. Кога колешката почна да го прашува вообичаени прашања за темата, тој одма рипна како со вода да го полеал некој и кажа – Па ние не сме се договориле за интервју“, вели Атанасовски.

Атанасовски продолжува понатаму со пишувањето каде стои:

„Другар, никој не ти бара интервју, туку е културно да се праша градоначалникот 2-3 прашања кога веќе сме се договориле. Не сме дошле од Скопје за времето да збориме. Нели! Или тоа протоколот не ти го кажал. Исто така ние не сме продавачи на фалц-парфеми да се однесуваш така со нас и да ни кажуваш дека си мислел оти ние туку-така сме дошле само да те видиме“, истакнува Атанасовски.

Тој пишува дека пиеле кафе и со поголеми фаци од него и дека се виделе со многу градоначаници, но никој така лошо не се однесувал.

„Градоначалникот одговори на 2-3 прашања паушално и рече дека не знае ништо, за сè друго не префрли да бараме одговори во Завод за статистика, пришто ни кажа дека нема време за нас оти има закажано состанок. Тоа с`е траеше 2 минути. На кратко- нè откачи како 13-то прасе! Најверојатно за некоја нова тенда на Охридско Езеро. Па и ние имавме состанок закажано!? Или ова нашето не беше состанок, па нели преку протоколот го договоривме!? Епа другар смени си го протоколот или промени нешто, бидејќи вака не ја бива, тебе не те бива другар. Далеку си ти од Блумберг! Далеку е Охрид и од Струмица! Немој мене да ми продаваш пуфки оди зачисти си го езерото, лом ти е! Слики никогаш нема да ти дадам!“, потенцира во својата објава на Фејсбук профилот фотографот Роберт Атанасовски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk