АМИРА трио вечерва на „Охридско лето“

Познатиот босански вокал Амира Медуњанин вечерва со нејзиното АМИРА трио ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот.

Оваа уникатна вокалистка е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина.
Триото АМИРА го сочинуваат и контрабасистот Звонимир Шестак, како и гитаристот Анте Гело.

Концертот на АМИРА трио на фестивалот „Охридско лето“ беше распродаден неколку дена пред неговото одржување.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk