Американски граѓани порачуваат пици преку кол-центар во Дебар и Охрид

Пицерии во САД добиваат порачки преку кол-центри лоцирани во Дебар и Охрид. Триста вработени во компанијата „Слајс” даваат поддршка дневно на 10 до 20 илјади корисници во САД.

Станува збор за инвестиција на дебранецот Илир Сеља, кој повеќе од две децении живее и работи во САД. Компанијата е Активна во Дебар каде има 147 и во Охрид со 150 вработени, а Сеља најавува и нови 100 вработувања.

Со помош на нивната платформа корисниците во САД преку веб-страницата порачуваат пица и од вработените добиваат 24-часовна поддршка.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk